Управување со згради
Мисија
Станарите да живеат во чиста и уредна зграда, со исправни инсталации и јасни трошоци — преку лиценцирано управување, сопствени тимови и транспарентни финансии.
Цели
- Редовна и навремена грижа: чистење, одржување и сервис според договорениот распоред.
- Транспарентни трошоци: секоја уплата и секој трошок се видливи на порталот за онлајн наплата MyDarbo.
- Брз одговор: одговараме во рок од еден работен ден, а дефектите ги решаваме за 1 до 3 дена, зависно од нивната сложеност.