Управување со станбени згради во Тетово
Лиценциран управител · Лиценца Уп. 0812/3

Управување со станбени згради во Тетово

500 ден. по стан месечно, со ДДВ: управување, чистење и техничко одржување. Сè друго го гледате однапред, без наша маржа.

Цена

Колку реално чини управувањето на Вашата зграда на крајот на месецот?

500 ден.
по стан месечно, со ДДВ

Една фиксна цена за управување, чистење и техничко одржување, плус само реалните трошоци на зградата, без наша маржа.

Една цена. РЕАЛНА цена.

Што е вклучено во цената од 500 ден.

  • Чистење двапати неделно, суво и влажно, со наши средства за хигиена
  • Техничка контрола еднаш неделно: електрична и водоводна инсталација, хидрофор, домофон
  • Замена на сијалици и мали поправки: работата е вклучена, плаќате само материјал
  • Управување: фактури, договори, годишен финансиски извештај, состаноци со сопствениците
  • Правна помош кога е потребна
  • MyDarbo: преглед и онлајн плаќање на сметките

Што се плаќа посебно

Резервен фонд: 1 ден. по м²
Законска обврска, на посебна сметка на зградата.
Лифт - редовен месечен преглед
Согласно договорот со овластените сервисери.
Струја во заедничките простории
Според месечната фактура од ЕВН.
Поголеми поправки и материјал
По фактура, само кога има потреба. Можност за плаќање на рати.
Еднократно годишно
Технички преглед на лифт од инспекциско тело, чистење на оџаци, баждарење на ПП апарати, чистење на олуци по потреба

На овие ставки не наплаќаме маржа. Секоја ставка е наведена посебно во фактурата што ја добивате дома или по е-пошта.

Калкулатор

Пресметајте ја месечната сметка за вашиот стан

Внесете ги податоците за вашата зграда и притиснете „Пресметај“.

Дали зградата има лифт?

Пример: околу 4.200 ден. месечно

Поправка на хидрофор, врата, замена на сијалица, скршено стакло и слично...

Лиценца

Лиценца за управител на станбени објекти

Регулаторна комисија за домување · бр. Уп. 0812/3 · важи до 10.03.2028

Провери во регистарот
Грижа што се гледа

Од фасада до влез, секој детал

Чисти влезови, исправни инсталации и уредни заеднички простори - секој ден од годината.

Уредно одржувани станбени згради
Уредно одржувани станбени згради
Чисти и уредни влезови
Чисти и уредни влезови
Чистење на стаклени површини
Чистење на стаклени површини
Превентивно одржување на инсталации
Превентивно одржување на инсталации
MyDarbo

Управувајте со вашата зграда од телефон

Онлајн плаќањето се врши преку MyDarbo: ги гледате трошоците, пријавувате дефекти и ги плаќате сметките на pay.darbo.mk - во секое време, без редици.

  • Преглед на сметки и уплати
  • Пријава на дефект
  • Историја на одржување
  • Безбедно онлајн плаќање
Дефект

Нешто не работи во зградата?

Изгорена сијалица, домофон, лифт или протекување: пријавете го дефектот онлајн или јавете ни се.

Дефектите ги решаваме за 1 до 3 дена, зависно од нивната сложеност.

Нешто не работи во зградата?
Прашања

Што ни поставуваат сопствениците

Колку ќе плаќаме вкупно?

500 ден. фиксно по стан, со ДДВ, плус реалните трошоци без маржа. Во примерот со 30 стана и стан од 50 м²: 788 ден. месечно.

Дали цената зависи од големината на зградата?

Не. Цената е фиксна: 500 ден. по стан, без разлика колку станови има зградата.

Како се делат трошоците за зградата?

Рамномерно на сите станови, според фактурата.

Колку често доаѓа екипата?

Чистење двапати неделно, техничка контрола еднаш неделно.

Каде се чува резервниот фонд?

На посебна сметка на зградата, со увид во секое време.

Дали имате лиценца?

Да, издадена од Регулаторната комисија за домување.

Бесплатна проценка на Вашата зграда

Бесплатна проценка на Вашата зграда

И споредба со сегашните трошоци, во рок од 3 работни дена.

Лиценциран управител

Лиценца од Регулаторната комисија за домување, бр. Уп. 0812/3, важи до 10.03.2028.

Искуство

Над 100 згради и 2.500 домаќинства, од 2013 година.

Транспарентни трошоци

Секоја уплата и секој трошок се видливи на порталот MyDarbo.